Излезе првиот албум на Мери Тодорова Младеновска, Lights. На овој албум има девет песни од разлни композитори. Автори и аранжери се Томислав Коцевски – Пепси, Јане Дунимаглоски, Ристо Апостолов- Водолија, Владо Грозданоски, Дејан Миленковски. Текстовите се на самата Мери, Бранко Николовски, Огнен Неделковски, Петар Нечовски, Симе Младеновски, Томислав Коцевски- Пепси.
Во репeртоарот на тие девет песни се најдоа „Не допирај“ (Гран при на „Канео фест 2017“),„Те нема веќе“ (три награди „Еврофест 2018“) ,„Its only my mind“ („Мелфест – Прилеп 2018“ , каде Мери  имаше одличен настап), потоа дуетите со Петар Нечовски и со Јане Дунимаглоски.
А специјален гостин е Петар Христов, сопран- саксофон. Дизајн на албумот го направи Димитринка Тодорова. Официјална промоција ќе следува наскоро.
Инаку во иднина Мери ќе има два интерационални дуета и веќе подготвува две нови песни.
Инаку албумот се печатеше во Бугарија, каде ќе биде дистрибуиран преку „Балкан мјузик“ , преку „Рд мјузик“ во Србија, преку „Зета мјузик“ во Црна Гора, преку „Бих мјузик продакшн“ во БиХ, а преку „Хелени мјузик“ во Грција.
Менаџер на целиот проект е Симе Младеновски, воедно и продуцент на серијалот Тв емисии „Лица и дела“, што го уредува и води Мери. „Лица и дела“ на ТВ Сонце по Нова година најавува емисии во ново руво, и многу атрактивни теми и гости.
Мери, освен што пее, пишува и проза и поезија, црта, креира облека а се крчка нешто ново на таа тема, со една многу позната личност.
По повод Нова година со овој албум ги изненади сите свои фанови и им посакува бериќетна и мирна година, полна со среќа и радости.
Таа и Симе, упатуваат огромна благодарност до Гаро Тавитијан за поддршката и до сите нивни спонзори и помагачи, со чија помош наскоро ќе снимат три нови видео- спота.

В.Г.-Парго