На 27 ноември  со почеток во 11 часот, во Музејот на Македонија ќе се организира завршниот настан во рамките на овогодинешното одбележување на Европските денови на културното наследство. Во таа пригода, ќе се одржи презентација за организирање на манифестацијата во Словенија. Во 13 часот ќе биде отворена изложбата под наслов: „Европските денови на културното наследство во Словенија низ плакати“. Изложбата ќе ја отвори д-р Елеонора Петрова, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Покрај тоа, во 14 часот ќе биде одржана презентација под наслов: „Интерпретирање на наследството“ и ќе бидат доделени благодарници на институции и поединци за учеството во манифестацијата.

Настанот се организира со цел да се прошират сознанијата за различните начини на реализација на овој проект во различни европски земји, но и во знак на благодарност на локалните организатори за учеството во манифестацијата.