четврток, април 25, 2024
домаИзложба „Навезени спомени“ во Музеј на Република Северна Македонија

Изложба „Навезени спомени“ во Музеј на Република Северна Македонија

Оваа среда, 29 декември, во 13 часот во Музејот на Република Северна Македонија ќе биде отворена изложбата „Навезени спомени“. На изложбата се презентирани 53 најкарактеристични народни везови, од различни етногеографски области на нашата земја. Везовите коишто се поставни во 30 рамки претставуваат значајно сведоштво за креативноста, оригиналноста и вештината на жената – везилка, но и за традицијата што со векови се пренесувала од колено на колено.

Изложбата е поставена во чест на нашиот реномиран и меѓународно признат поет, Блаже Конески. Со отворањто на изложбата, музејот дава свој придонес кон одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на втемелувачот на соврмената македонска филологија и лингвистика.

Автор на изложбата и каталогот е кустос советник Горданче Видиниќ:

„Неслучаен бил поривот на нашиот го­лем, но и светски признаен поет Блаже Конески да ја воспева македонската жена. Во песната Везилка и Убавите жени, тој ги воспева нејзините најдобри, единствени и неприкоснове­ни вредности: улогата на мајка, чувар на куќата и домот, вредна домаќинка, но и исклучително инвентивна и талентирана жена, везилка. Тоа се неговите најубаво испеани стихови за неа, за жената, за мајката, за сите мајки посветени до­крај на домот, на семејството и сите потреби што произлегувале од него во секојдневниот живот.

Тие, везовите, најпрво биле создавани во меч­тите на жената везилка, а потоа, со вештината на рацете, со љубовта на срцето и чувството за уба­вина, ред по ред вези, ред по ред сонувај, дури докрај не се отсонува сонот што треба да биде ставен на платно, и тоа одопаку, токму како што е поголемиот дел од македонските везови.

Везејќи, таа ја изразувала својата распнатост помеѓу емоциите и секојдневниот живот, како: љубовта, изневерувањето и неостварливоста на истата, осаменоста, тагата поради минливос­та на животот, стравот од смртта, желбата да се открие мудроста на животот и да се извлече она најубавото од него, за да се почувствува сета по­лнота и убавина на живеењето.

Преку нив, таа ги раскажала своите најдлабо­ки чувства, ја извезла својата животна приказна проткаена со среќа и тага, со болка и радост, коп­неж и надеж, одважност и храброст, стравови, сомнежи и јанѕи, чувства коишто постојано се испреплетувале и се испреплетуваат во секој човек.“

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ