Во услови на пандемија и кога судот работи само итни случаи, Управниот суд најде за сходно да донесе пресуда во полза на компанијата „Еуромакс Рисорсис“. И тоа на 31 март оваа година, среде пандемија и вонредна состојба!  Со оваа Одлука се поништува одлуката од второстепената владина комисија за одбивање на дозвола за експлоатација на рудникот Иловица. Но, иронијата да биде уште поголема за оваа Одлука еко активистите кои се борат против отворањето на рудникот, за пресудата разбрале на канадски сајт. Управниот суд заборавил дека Македонија е потписник на Архуската Конвенција и дека е обрзана да ја извести јавноста за една ваква Одлука, која е од голем интерес за јавноста!

Но, кога е потребно да се даде информација, тогаш е пандемија! И од Судот не можат веднаш да информираат, ниту пак д аимаатс редба со новинари – туку најавуваат соопштение до медиумите. А, соопштението беше објавено на нивната страна, во кое претседателот на УС, Бурим Сејдини ја информира јавноста дека на 31 март оваа година е донесена Пресуда и дека истата се наоѓа на интернет страната на судот. Веројатно претседателот на судот не знае дека ИТ вештаци можат да докажат кога е ставена пресудата?! Наши извори кажуваат дека е ставена истиот дена кога е објавено соопштението, односно во средата и по реакцијата на еко активистите и ДОМ.

И додека активистите на „Здрава котлина“ и претставниците од ДОМ реагираат на оваа пресуда, од другите ни збор. Па пандемија е, нели?

Правните експерти објаснуваат дека оваа одлука се уште не е правосилна бидејќи во земјава е вонредна состојба. Предметот сега треба да оди на одлучување на виш управен суд. Но дали е така, останува да видиме.

Сега на потег се еко активистите кои најавуваат радикални чекори за одбрана на планината Огражден. Но, ова е одлична можност и да се истестира подготвеноста на ГО за животна средина кои имаат чиста позиција против Управниот суд и може да го тужат за криење на информација, бидејќи пристапот до информации е едно од правата на Архус.

Тука на потег треба да е и Државната комисија за спречување  на корупција, која како што патем бара и ДОМ треба  да постапи по допрен глас и да се заинтересира дали се крие корупција зад ваква скандалозна пресуда и кој се е вклучен во неа?

Приказната продолжува, најавуваат од Здрава котлина.

Наташа Доковска