На 04 март во Филхармонија – Скопје со почеток од 20ч часот во изведба на Македонската Филхармонија ќе биде претставен уникатниот балкански проект “Има нека тајна веза – made in Sarajevo”, најавува „Мјузик тајм“.

Под диригентската палка на Ранко Рихтман и Јосип Цвитановиќ, овој фантастичен проект продуциран од Никша Братош и Томислав Кашљевиќ, ги обработува безвременските хитови на најголемите музички звезди од Сараево: Индекси, Бијело Дугме, Здравко Чолиќ, Амбасадори, Тешка Индустрија, Кемал Монтено и многу други!

Како вокални солисти ќе настапат дел од најголемите балкански звезди: Аида Мушановиќ Арсиќ , Нермин Пушкар – (БиХ), Марко Кутлиќ , Роберт Чолина – (ХР), Влатко Лозаноски ЛОЗАНО, Агни Авшар – (MK), Влезниците веќе се во продажба преку продажната мрежа на https://www.karti.com.mk/ima-neka-tajna-veza.nspx