Огорчена маса од околу 1.000 лица во индискиот град Гаухати упадна и извлече од полициска станица двајца осомничени за силување и убиство на петгодишно девојче и ги линчуваше на самото место.

Еден полицаец за АП изјави дека 15 полицајци биле повредени за време на упадот во полициската станица.

Тој наведува дека огорчените луѓе првично побарале од полицијата да ги предаде осомничените, но откако полицијата го одбила барањето, тие упаднале и ги извлекле од притвор и потоа ги линчувале.

Случаите на силување девојки, но дури и мали деца во Индија се чести. Неколку исклучително брутални случаи на силување бебиња и мали девојчиња ја потресе индијанската, но и светската јавност. Многу од овие злосторства се случија во главниот град Њу Делхи.

Одржани се десетици протести на кои се бара да се стори нешто конкретно за ова прашање, апелирано е до разни партии, но засега властите во Индија не успеваат да ги запрат овие страшни настани.