За да се надмине овој проблем, пред повеќе од една деценија, Европската комисија во рамки на проектот Декана на инклузија на Ромите, започна програма за практикантска работа – финансирана од Фондацијата Отворено општество, а со цел да се подготви ромската младина за идните работни места во европските институции.
Програмата на крајот беше распуштена бидејќи не успеа да влијае. Без разлика колку тешко работеа младите ромски професионалци за време на обуката, тие сé уште немаат обезбедено работни места во некоја од европските иннституции во Брисел.
Авторката на текстот се прашува зошто?                                                                        Џинџер Херви и Саим Саид го истражиле ова прашање во една статија објавена од страна на POLITICO Europe. Според нив, имало други причини, освен директна дискриминација. Кандидатите за работа се очекува да зборуваат повеќе јазици, да имаат напредни образовни степени и, пред се, на почеток да бидат или волонтери или ниско платени практиканти.                                                                                          Сепак, како што забележува авторката на текстот ова не беше опција за многумина обучувани Роми кои потекнуваат од сиромашните села во Централна и Источна Европа и немаа корист од приватно образование или дополнително подучување, до што многу од успешните кандидати имале пристап во текот на стекнување знаења. Тие мораат да им помогнат на семејствата дома и затоа не можат да си дозволат да волонтираат.        Стажирањето беше затворено и не беше заменето со друга опција, па затоа бројот на Роми вработени во канцелариите на ЕУ во Брисел останува толку низок што може да се избори на прстите од една страна. Но, за жал, како стојат работите изгледа дека нема да има промени ниту во блиска иднина.                                                                 Само колку за илустрација, во 2015 година, Европската комисија ја укина на една од ретките програми во ЕУ, која имаше да цел да обезбеди можности за вработување на младите Роми. Фондацијата Отворено општество, која ја финансираше шемата, го повлече финансирањето.
Околу 80 луѓе учествуваа во програмата во текот на деценијата од неговото функционирање, но никој од нив не доби работа во Комисијата потоа.
Меѓу причините зошто младите Роми не се вработиле се: директна дискриминација; очекувањата кандиатите да говороат повеќе странски јазици, да имаат повисок степен на знањеа за ЕУ и можноста да прифатат да волонтираат.
Како резултат на системско исклучување, многу малку Роми работат во институциите или организациите во Брисел. Ако тие се вработени таму, тогаш најчесто на привремени позиции или кај ромски невладини организации.
ЕУ доделува стотици милиони евра за подобрување на ситуацијата за Ромите во земјите-членки. Но, поради недостатокот на персонал од Ромите, финансирањето го планираат не-Роми, кои често немаат поим за реалностите на ромските заедници.