Поголемиот дел од субјектите ги почитуваат владините мерки за превенција од коронавирусот, покажаа 5.213 надзори што во перидото од 28 март до 1 април ги спровеле шесте инспекциски служби при Инспекцискиот совет, информираше денеска на прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска.

Од вкупно спроведени 4.261 контрола а ДПИ, 823 биле за замрзнатите цени на производите, при што се утврдени помалку поскапувања на цитрусните и други производи. Таму кај што се констатитани повисоки цени, се вратени на претходното ниво. Имало и 3.438 за контроли на работата на трговските услужните и угостителските објекти, но и визуелните контроли низ кои покажале дека поголем дел од угостителите ги почитуваат мерките. Пазарните инспектори интензивно ги контролираат и кафематите, а при инспекциите во Штип е утврдено дека 34 кафемати не работат. Како што посочи Филиповска Грашкоска, утврдени се помал број на зголемување на цени на цитрусни и други производи и по укажување на пазарниот инспекторат цените се вратени на оние цени замрзнати по 11 март.

Државниот пазарен инспектират (ДПИ) постапил по пријава за фалсификат на средствата за дезинфекција Екосал и Дезантал, а надзорот е се уште во тек, рече Филиповска Грашкоска.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат пак, извршил 74 надзори и издал 1.019 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила во нашата држава, при што констатирано е дека возачите ги почитуваат пропишаните препораки за заштита од вирусот КОВИД-19.

Инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство спровеле, 277 надзори во повеќе градови низ државата при што изрекле и 22 мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и поради работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка. Издадени се и пет решенија на месарници и маркети за лоша општа хигиенска состојба и наредиле да се изврши дезинфекција, дератизација и дезинсекција, посочи Филиповска Грашкоска.

Извршени се и 155 надзори од страна на инспекторите на Државниот транспортен инспекторат и еконстатирано дека меѓуопштинскиот сообраќај е редуциран за 90 проценти, а меѓународниот превоз на патници е во прекин.

Агенцијата за лекови МАЛМЕД, при 32 надзори констатирал дека нема специфилни отстапувања, секторот ги поддржува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број на лица, а цените се согласно препораките и одлуките на Владата.

Филиповска Грашкоска посочи и дека се донесени и едно решение и 22 укажувања за работодавачи кои не ги почитувале препораките на Владата. Најголемиот дел од 414 спроведени надзори од Државниот инспекторат за труд, биле поврзани со постапување по претставки за платено отсуство на родител на дете од 10 години, самохран родител, бремени жени и хронично болни лица. Инспекторатот генерално констатира дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на своите вработени од коронавирусот.

Таа истакна дека инспекцискикте служби со сите капацитети продолжуваат со интензивна работа на терен, а секој кој нема да ги почитува владините мерки и препораки кои имаат цел заштита на јавното здравје ќе биде санкциониран без исклучок. А.Р.