Се вика Николија Вујовиќ, има српско потекло и со родителите живее во Чикаго, ја сметаат за виртуелен феномен, и денес, 21 септември, го прослави својот четврти роденден.
Пред само неколку месеци стана вирален хит со нејзиното обраќање до мајка си, кога се побуни дека таа дома чисти и средува, си ги собира играчките, ја средува собата, и го подава полначот за мобилен, и дека таа не е „кучна девојчица“, мислејќи на куќна помошничка. Оттогаш, мајка и секој ден постира видеа од случки и доживувања на ова преслатко и преумно девојче, со семејството, со нејзиниот кум Пајо, со другарката Џени, со соседите, со малиот Вуки, кој има и македонско потекло.
Ники секој ден има од 150.000 до 300.000 лајкови и милионски прегледи. Зборува српски, англиски и шпански, и е исклучително интелегентна и воспитана за своја возраст. В.Ѓ.