Меѓународната полициска организација ИНТЕРПОЛ предупреди денес дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против ковид-19 и да се обиде да стави на продажба лажни, фалсификувани вакцини.

ИНТЕРПОЛ објави дека е издадено глобално предупредување во 194 земји-членки на оваа организација, со препорака да се подготват за таквата можност и оперативно, на терен и на виртуелната мрежа, објави Ројтерс.

Предупредувањето се однесува и на можни обиди преку глобалната интернет мрежа во понуда да се најдат лажни терапии што може да ги загрози здравјето и животот на луѓето. А.Н.