четврток, април 25, 2024
домаКујнаИскра Шукарова во организација на два настани од современиот танц

Искра Шукарова во организација на два настани од современиот танц

Во организација на Искра Шукарова, професор на катедрата за современ танц на ФМУ-УКИМ, и во соработка со кореографи од Словенија и САД, ќе се одржат два настани што ќе ја збогатат содржината на случувањата поврзани со современиот танц во Македонија.

Едниот настан ќе се одржи оваа сабота на 31 март 2018 година во фоајето на МОБ со почеток од 20 часот, каде ќе биде претставена работата на Нелсон Валмор, додека на 29 април во Македонската Филхармонија во 20 часот ќе настапи Урсула Еагли од САД што воедно и ќе го отвори Меѓународниот ден на танцот.

Целта е да се зачнат нови соработки кои ќе ја стимулираат и ќе ја надградат работата на студентите од катедрата за балетска педагогија на современиот танц при  ФМУ-УКИМ. Искра Шукарова во доменот на современиот танц го спојува уметничкиот и едукативниот процес во работата, па затоа соработките и настаните од овој вид се од голема важност бидејќи практиката на современиот танц на нашето поднебје е сеуште во прогрес.

Еагли и Валмор, покрај интензивната соработка и потготовки со студентите, во соработка со Шукарова, ќе ја прикажат својата кореографска дејност и практика, а воедно Шукарова ќе ги прикаже и своите дела што таа ги има изработено за студентите.

По неколкудневните работилници со студентите, во сабота на 31 март 2018 година во фоајето на МОБ во 20 часот ќе се претстави кореографот Нелсон Валмор од Словенија кој ја истражува разиграноста и кинестетичко-физичката интелигенција во уметноста на повеќе нивоа како изведувач, танчер, кореограф, кловн, учител, писател, модератор, издавач и продуцент.

Овој перформанс на сцена ќе биде претставен како отворена работилница во два дела инспириран од играта М. Процесот Плазма (plazma.upri.se) што Нелсон Валмор го обработува е процес на истражување развиен преку физичката интелигенција како способност и подготовка за создавање на нови движења интегрирани во постоечките. Нелсон Валмор ќе пристапи на истражувањето и ќе навлезе во процесот/игра преку развивање на кинестетичко-физичката интелигенција за преку движењето да се достигне одговорот на „Што ми е потребно?“, а потоа ќе продолжи со потрагата користејќи различни и постојано менливи движечки изрази. Способноста да се повтори е основа на секоја техника, така што користењето на документаристичкиот принцип ќе биде една од алатките што ќе се користат за одигрување на играта во проектот М. Како изведувачи ќе учествуваат: Искра Шукарова, Нелсон Валмор и студентите од катедрата за современ танц при ФМУ.

Ова се првите од многуте кореографи кои ќе гостуваат како дел од проектот инциран од страна на Шукарова како дел од NGO Nomad Dance Academy-Macedonia.

Нелсон Валмор, како дел од проектот The game M, ја покани Искра Шукарова во Љубљана 2016 година каде заеднички работеа на делото „MC2=E, movement exibition“ што всушност беше истражување спроведено помеѓу Шукарова и уметничкиот колектив за арт-технологија Циркулација 2.

Како дел од програмата за Меѓународниот ден на танцот, 29 април 2018 година е предвидено претставувањето на Урсула Еагли, кореограф од Њујорк, која во соработка со нашиот врвен музичар и композитор Џијан Емин се во подготовка на вториот настан со кој ќе биде поттикната и надградена работата на студентите од танцовата катедра при ФМУ-УКИМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ