epa08539962 Spedali Civili members conduct nasal swabs and Coronavirus tests at the testing Location at Palazzetto della Fiera in Brescia, Italy, 11 July 2020. EPA-EFE/Filippo Venezia

Студија спроведена во Италија на луѓе кои се опоравиле од ковид-19, покажала дека недостатокот или ниското ниво на витамин Д во организмот е поврзано со потешки форми на болеста, пишува весникот „Ла Санита“, посветен на медицинскиот персонал.

Резултатите од истражувањето спроведено заеднички од Високиот институт за здравство и римската болница „Санта Андреа“, покажуваат дека луѓето со коронавирус, кои имале ниско ниво или недостаток на витамин Д во организмот, имале потежок тек на болеста, посилно воспаление, поголема подложност на коагулација на крв и потешки форми на пневмонија.

Се смета дека нивото на витамин Д во организмот е ниско ако е под 10 нанограми (еден нанограм одговара на 0,001 микрограм). Во студијата, кај пациенти кои имале ниско ниво на витамин Д, биле измерени 6,5 проценти, додека нормалната вредност била 13,5 проценти.

Витаминот Д се внесува во организмот преку сончање и исхрана, а неговата улога е важна за апсорпцијата на фосфор и калциум.

„Во овој момент, рано е да се каже дека витаминот Д може да игра важна улога во борбата против ковид-19 и да ја намали смртноста од инфекција, но витаминот Д секако може да се препорача како корисен додаток на сите пациенти“, се заклучува во студијата на „Респиратори рисрч“. А.Р.