четврток, април 25, 2024
домаИстражување: Оние кои прележале ковид имаат подобра заштита од вакцината

Истражување: Оние кои прележале ковид имаат подобра заштита од вакцината

Луѓето кои прележале Ковид-19 имаат поголема заштита од реинфекција пет месеци подоцна отколку луѓето кои примиле оскфордска вакцина, а истото важи и за Фајзеровата вакцина, објави службата за Национално јавно здравје на Англија (ПХЕ).

Податоците од „ПХЕ Сирен“ студијата која го следи здравјето на повеќе од 20.000 медицински лица во повеќе од 100 градови во Велика Британија, покажаа колку членови на медицинскиот персонал добиле вирус корона повеќе од еднаш.

Утврдено е дека 6.614 медицински работници добиле вирус во првата половина на 2020 година, а само 44 лица од оваа група повторно се разболеле од корона, објави „Дејли меил“.

ПХЕ додава дека ова значи дека луѓето кои прележале Ковид-19 имаат 83 проценти заштита од реинфекција, а исто така се намалува можноста да развијат посериозни симптоми во случај на повторување на болеста.

Додадено е дека само 15 од 44 лица кои повторно се инфицирале, развиле симптоми на ковид, останатите биле асимптоматски случаи.

Истражувачкиот тим рече дека тие можат да кажат дека природниот имунитет на Ковид-19 трае најмалку пет месеци, бидејќи толку долго трае студијата, која ќе продолжи во следните 12 месеци. Експертите предупредуваат дека луѓето кои се заразиле со вирусот во првиот бран на почетокот на 2020 година, можат повторно да се заразат.

„Знаеме дека оние кои имале инфекција имаат антитела и се заштитени од повторна инфекција, но не целосно и не знаеме колку ќе трае таа заштита. Постои ризик тие повторно да се заразат, но да не развијат тешка форма на болеста, но и да ја пренесат на другите “, рече Сузан Хопкинс, виша советничка во ПХЕ, која исто така е коавтор на студијата.

Истражувањето се спроведувало од јуни на десетици луѓе кои се заразиле со корона вирусот. Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ