четврток, април 25, 2024
домаНасловнаИстражување: Пандемијата негативно влијаела на животот и работата на скоро 80 отсто...

Истражување: Пандемијата негативно влијаела на животот и работата на скоро 80 отсто жени

Скоро 82 отсто од испитаните вработени жени изјавиле дека пандемијата на коронавирусот негативно влијаела на нивните животи, а меѓу нив 65 отсто укажале дека имаат повеќе обврски околу домашните работи, додека третина велат дека и на работа се исто така пооптеретени. Ова го покажа истражувањето на „Делоит Глобал“ насловено „Влијанието на пандемијата со Ковид-19 на вработените жени“ кое опфатило околу 400 вработени жени ширум светот.

Оние кои навеле негативни влијанија како резултат на промените во секојдневните активности, како главни негативни последици го наведуваат влијанието врз физичката состојба (40 отсто), неможноста да се усогласат работните и животните обврски (40 отсто)и влијанието врз менталната состојба (39 отсто).

Оние испитанички кои се грижат за дете или друг член на семејство дома се соочуваат со посебни предизвици, така што ситуацијата значително се променила кај 75% од жените, бидејќи нивните обврски се зголемиле тројно, од 17% пред пандемијата на 48% за време на истражувањето.

Повеќето жени со деца пријавиле дополнителни одговорности кога станува збор за грижа за децата – 58 проценти и одговорности за образование / настава дома – 53 проценти.

Од друга страна, повеќе жени кои немаат обврска за грижа за деца чувствуваат потреба да бидат секогаш достапни на работа (53 отсто), повеќе од оние кои имаат таков вид обврска (44 отсто),  што се претвора во различни видови на стрес, вклучувајќи и тоа дека оние жени кои немаат обврска да се грижат за други луѓе се повеќе оптоварени од оние кои имаат (58 отсто во споредба со 41 отсто).

Многу жени го прилагодиле својот секојдневен живот на ситуацијата, но се загрижени за влијанието што пандемијата може да го има врз нивниот напредок во кариерата, како на краток, така и на долг рок, се наведува во истражувањето.

Истражувањето ги опфати Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Индија, Јапонија, Велика Британија и САД, а во периодот на истражувањето, сите испитанички биле вработени со полно работно време, на различни позиции, од извршна асистентка до потпретседателка. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ