Сите знаеме дека шеќерот е штетен за нашиот организам, но зошто е така?
Нашето тело го претвора шеќерот во енергија, а количината што не ја користи ја претвора во масти, што потоа предизвикува гоење.
Со тридневна детоксикација ќе го прочистите вашиот организам од вишокот шеќери. Додека сте на оваа тридневна детоксикација, вклучете овесни снегулки, риба, јаткасти плодови, пилешко, зеленчук и грчки јогурт во вашата исхрана.
Не постои специјален план за исхрана, само избегнувајте шеќер. За појадок можете да јадете овесни снегулки со грчки јогурт, а ако не ви се допаѓа вкусот, можете да додадете овошје. Овошјето содржи шеќер, но тоа е природен шеќер и затоа е дозволено. Бидете особено внимателни да останете хидрирани во текот на сите три дена на детоксикација. Пијте што повеќе вода и незасладен чај, но ограничете се на една чаша кафе дневно, без шеќер, се разбира.