Во последните 24 часа се направени 2562 тестирања, а регистрирани се 758 нови случаи на ковид-19.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86г), двајца од Куманово (87 и 52г), еден од Дебар (80г), пет од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г), еден од Струга (62г), двајца од Битола (77 и 69г), четири пациенти од Охрид (62, 70, 57 и 81г), еден од Свети Николе (65г), двајца од Кичево (64 и 77г) и еден пациент од Неготино (74г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 944 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 383.769 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79190, бројката на оздравени пациенти е 56099, на починати е 2340, а бројот на активни случаи изнесува 20751.                            Ал.Н.