Зоолошката градина во Барселона објави дека четири лавови, од кои три жени и еден маж, се позитивни на корона вирусот. Наводно, животните биле тестирани во ноември, откако покажале благи симптоми слични на грип. Двајца чувари на зоолошката градина се исто така позитивни на корона вирусот, а шпанските власти испитуваат како се заразиле животните.

Женките по име Зала, Нима и Рун Рун имаат 16 години, додека заразениот мажјак Кимбе има само четири, пренесува „Еуроњуз“.

Единствената друга зоолошка градина каде се знае дека „големите мачки“ се заразиле со корона вирусот е зоолошката градина Бронкс во Њујорк, каде во април се разболеа четири тигри и три лавови. Вработените во зоолошката градина во Барселона тесно соработуваат со меѓународни експерти во Европа и зоолошката градина во Бронкс за да се осигураат дека другите животни се безбедни и дека тоа нема да се повтори во иднина.

„На лавовите им беше обезбедена ветеринарна заштита, соодветна за нивната лесна клиничка состојба – слична на многу лесна состојба на грип – со антиинфламаторно лекување и внимателно следење, а животните реагираа добро“, наведуваат од зоолошката градина во Барселона.

За среќа, лавовите немале контакт со други животни во оградениот простор, кој е отворен за јавноста. А.Н.