Во потрага по работа и попристоен живот во земјите на ЕУ, право на бесплатно студирање и стипендирање во Бугарија, олеснување на третманот или многуте придобивки што ги нуди пасошот што ја отвора вратата за ЕУ, луѓето од јужна Србија по примерот на многу Македонци се обидуваат да „станат“ Бугари. Интересот за пасош на соседната земја е голем затоа што со својата „тежина“ е далеку пред српскиот, потврдува и Дарко Аначков, претседател на бугарско-српскиот центар во Врање, кој неодамна има можност да обезбедува и конзуларни услуги, пренесува ТВ Инфо Пулс Врање. Според Аначков, покрај оние што се заинтересирани да добијат бугарски пасош, има и млади луѓе кои сакаат бесплатно да студираат во Бугарија.

„Бесплатнотоучење е скоро можно. Со сите придобивки, студентите добиваат 120 $ месечна стипендија во нивната прва година. Граѓаните се заинтересирани за бугарскиот пасош затоа што им дава многу придобивки, а во однос на привлечноста е далеку пред српскиот“, вели Аначков.

Причината за оние кои аплицираат за бугарско државјанство е генерално подобриот живот во една од земјите на Европската унија, а постапката е различна од случај до случај и може да трае неколку години.

Според бугарско-српскиот центар во Врање, во моментов има околу десетина лица заинтересирани за добивање бугарски пасош.

Една од причините за земање бугарски пасош, покрај можноста да отидат да работат во некоај од земјите на ЕУ  е и олеснителните околности за купување автомобил. Во Бугарија имаат пониска такса за регистрација, пониски даноци. Автомобилот се регистрира во Бугарија и чини најмалку 500 евра помалку заради царинските давачки, објаснува Пироканац за „Јужна вест“.

Погодноста за двојно државјанство широко ја користат граѓаните на Димитровград, а според некои проценки, повеќе од 300 граѓани секој ден одат во соседната земја заради работа. Според последниот попис, Димитровград и Босилеград се единствените општини во Србија со мнозинско бугарско население.