И вицепремиерката одговорна за економски прашања и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска на својот фејсбук профил штотуку објави дека заминува во задолжителна самоизолација, откако Мухамед Зекири вчера информира дека тој,с опругата и тримесечната ќерка се позитивни на вирусот корона.

Царовска на својот профил утрово напиша:

„Почитувани,
Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е позитивен на Ковид-19. Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца. Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чуствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома.
На семејството Зекири му посакувам брзо и успешно оздравување и закрепнување, како и на сите останати граѓани кои се борат со коронавирусот.“

Синоќа исто така информираа дека се во самоизолација и минситерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, како и Марјан Забрчанец, вработен во Владата.

Н.С.