Соединетите Американски Држави и европските земји во последните неколку недели беа во срцето на пандемијата на коронавирусот, но во некои други земји, бројот на заразени со вирусот почнува рапидно да се зголемува, посочува „Би-Би-Си“.

Така, досега во Еквадор се потврдени 22.791 случаи, а на 2 март имало само шест заразени лица. Официјално, од инфекцијата починале помалку од 900 луѓе, но се проценува дека се многу повеќе, можеби илјадници.

Откако беше регистриран првиот случај на КОВИД-19 во Бразил на 26 февруари, во земјата сега има 55.224 заразени, а 3.762 починати.

Исто така, Турција го потврди првиот случај на коронавирусот на 11 март, а сега има 107.773 заразени лица во земјата, што ја става на седмо место во светот по број на заразени. Пријавени се и 2.706 смртни случаи. А.Н.