Во текот на изминатото деноноќие на 651 лице им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што три лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 618 прекршоци. А.Р.