Полека и вртиме грб на зимата и се подготвуваме за пролетта, сезоната кога природата се буди, а во исто време се подготвуваме и за наредните високи температури. AccuWeather на својата страница ја објави долгорочната прогноза за пролетта во Европа и, според најавите, топлото време ќе продолжи со температури над просекот во поголем дел од Европа, а очекуваме периоди на екстремно време и невреме.

Заеднички за целиот континент е продолжување на потопло време, со температури над просекот. Од март до јуни или трите пролетни месеци ќе бидат претежно суви, но ќе има пократки периоди на нестабилност со чести бури.

Повеќето циклони од Атлантикот повеќе нема да стигнуваат до Велика Британија, туку ќе се движат кон север, дозволувајќи на тој начин да пристигнат топли циклони. Во текот на пролетта, според предвидувањата од веб-страницата AccuWeather, најголема девијација на температурата е предвидена на Пиринејскиот полуостров, јужна Германија, како и во јужна Велика Британија.

Image result for spring

Високите температури некому штетат, некому користат

Делови од Шпанија и Португалија ќе имаат вистински летни температури во мај, со повеќе денови кога живата на термометарот ќе биде над 32 степени. Во најжешките делови на Шпанија можни се денови со температури и до 38 степени. Додека во Лондон, температурите ќе достигнат до 27 до крајот на мај, што е невообичано за тој дел од годината.
– Оние кои поминуваат многу време надвор и имаат проблем со алергија, ќе мора да се справат со нејзиното порано пристигнување. Високите температури и топлото време предизвикуваат рано расцветување на пупките и појава на поленот, пишува во извештајот Тајлер Ројс, метеоролог во AccuWeather.

Топлото и претежно суво време ќе им користи на земјоделците бидејќи ќе можат да садат земјоделски култури порано од вообичаеното.

Во некои земји, топлите периоди, според најавите, ќе прераснат во непријатна топлина уште пред да започне летото. Но, ќе има и ветрови, појава на град и поплави, што ќе се појават како резултат на невреме, а дел од нив може да бидат предизвикани од торнада.

Од друга страна, невремето исто така може да претставува ризик за земјоделските култури во форма на поплави и штетни ветрови.

Температурите над просекот ќе влијаат и на балтичките земји

Високите температури ќе влијаат на подрачјето од Полска сè до балтичките земји, Белорусија и Украина. Така, во текот на мај се можни денови со температури над 27 степени, во областа од Варшава до Минск и Киев.

Во Литванија, Латвија и Естонија, температурите, исто така, се очекува да се движат просечно над овој период од годината, од март до мај.

Image result for snow

Може да се забели Балканскиот Полуостров

Според метеоролошката веб-страница AccuWeather, областа каде се очекуваат просечно врнежи, или поголеми врнежи од вообичаеното, ќе биде Балканскиот Полуостров. Според прогнозата со почетокот на сезоната на дождови, особено во март и април, се очекува зголемен број медитерански циклони и снег.
Претходните појави на температури над просекот ќе предизвикаат зголемен ризик од силно невреме во централна Европа во втората половина на пролетта. Во Франција, Белгија, Холандија, како и во северозападна Полска, постои најголема можност за силно невреме.
И додека во западна и централна Европа ќе се појави ризик од малку полошо време, во исто време, на истокот на Европа ситуацијата ќе биде спротивна, каде ќе има ризик од суша.

– Високите температури на воздухот над 30 степени во вториот дел од мај би можеле да се забележат од Париз до Берлин – објасни метеоролог од AccuWeather.
Иако локално ќе има поплави, дождот ќе направи добро пред летните месеци кога ќе има зголемена можност за продолженз суша, се наведува на страницата.
На повисоките планини снегот што отсуствува оваа зима може да падне во март и  да предизвика проблеми во сообраќајот.

Вториот дел од пролетта треба да донесе посмирено и постабилно време со температури над просекот од Италија до Романија, а се очекува и ран ветер.

А.Н.