Вежбањето на статичен велосипед е дел од кардио тренинг. Ако се користи правилно, со одреден интензитет и фреквенција, но и со правилна исхрана, тоа ќе ви помогне да изгубите тежина.

Дали ќе ги „испумпам“ нозете ако посилно ги свртам педалите?
Тоа е раширен мит. Невозможно е да се изградат хипертрофирани мускули на нозете и бутовите користејќи само статичен велосипед. Во спротивно, бодибилдерите би користеле само велосипед за нозете како замена за сквотови со товар.

Како да тренирам?
Тренирајте интензивно три пати неделно;
Пронајдете плејлиста со музика што ве мотивира. Музиката за добар тренинг е поважна отколку што мислите!
Седнете на статичен велосипед наутро на празен стомак или после физички тренинг (резервите на гликоген во телото се минимални, а процесот на согорување на маснотиите ќе оди побрзо)
Свртете ги педалите повеќе од 20 минути.
Бидете сигурни дека срцевиот ритам е на 65-75% од максималниот ритам на срцето.
Јадете здрава исхрана.
Имајте белешки за фреквенцијата и времетраењето на сесиите.

Каде грешам?
Еве ги грешките што се во спротивност со сите препораки: прескокнувате тренинзи, тренирате помалку од 20 минути, не го контролирате ритамот на срцето, јадете сè, хаотично вежбате, заборавате да го следите вашиот напредок – тоа се сите причини зошто нема да ги изгубите несаканите килограми и да го подобрите вашето здравје. Ако постојано ​​пресметувате колку минути ви останале до крајот на тренингот исто така не е добро, најдобро е само да се препуштите на велосипедизмот!

Може ли велосипед за вежбање да замени други спортски активности?
Откако ќе одлучите да вежбате на статичен велосипед и да бидете упорни со него, ќе изгубите несакани килограми и ќе се ослободите од масните наслаги. Но, можеби нема да ја добиете саканата фигура. Обликувањето на фигурата доаѓа по губење на масни наслаги и со комбинација на кардио и вежби во теретана. И, се разбира, со детален план на исхрана. Не доживувајте го вежбањето како предизвик – доживејте го како начин на живот!                       Ал.Н.