четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗдравјеКако да се справите со алергиите кај децата?

Како да се справите со алергиите кај децата?

Експертите се согласуваат дека само доењето нема сто постотно да го запре појавувањето на егземот, алергијата и астмата, но може да ги одложи за подоцна.

Бројот на деца што имаат егзем, алергија или астма е во постојан раст. Се уште нема точно објаснување за оваа појава, но некој експерти велат дека најважна е хигиената. Се смета дека луѓето во развиените земји, каде што алергиите се се почести, едноставно се премногу чисти. Децата не се изложени на оние бактерии и вируси кои што ќе го засилат имунолошкиот систем. Децата се помалку излегуваат, а се повеќе се затворени во своите домови. Што би требало да прават родителите? Експертите се согласуваат дека само доењето нема сто постотно да го запре појавувањето на егземот, алергијата и астмата, но може да ги одложи за подоцна. Има уште добри вести, вашето дете сигурно ќе прерасне некој видови на алергија. Можеби ќе прерасне некој алергии на храна. Доколку навремено откриете дека вашето дете појавува алергиски реакции, обидете се да ги намалите, па со тоа можеби ќе успеете да ги намалите можностите да се развијат алергии на повеќе видови храна, полен, како и секако да не дојде до појава на астма.

Како се открива предиспонираноста на алергии?

Се верувало дека бебињата до две години не можат да покажат алергиска реакција, бидејќи не се доволно изложени на алергени. Меѓутоа, сега веќе и на тоа се гледа малку поинаку. Дури и бебиња од шест месеци покажуваат алергии на влага, мувла, микроорганизми (грињи), полен и животински првут. За да му ги олесните маките на бебето, најважно е да откриете дали осипот на или пак честото шмркање и кивање е резултат на некоја алергија. Обрнете внимание на симптомите, бидејќи со таквата детективска работа ќе му олесните на докторот да ја донесе вистинската дијагноза. – Погледнете го семејното стебло. Ако детето има еден родител со алергии или пак астма, можностите дека и детето ќе ги има достигнуваат до 50%. Доколку двајцата родители имаат алергии, можностите и детето да наследи се качуваат до 70 или 80%. Ако бебето има симптоми на настинка – влажни очиња, течење на носето (и постојано го чеша и го трие), и при тоа постојано кива подолго од две недели, тогаш најверојатно во прашање е алергија.

– Понекогаш бебињата со алергии имаат темни кругови под очињата и почесто добиваат инфекција на ушињата, затоа треба да обрнете внимание и на тој момент. – Алергија на состојки од опкружувањето, како и на храна можат да се тестираат и кај бебе кое има само 6 месеци. Најдобри тестови се оние тестови на кожа. Резултатите исто така се брзо готови. Доколку се одлучите да направите тестови преку крв, резултатите ќе треба да ги почекате 7 дена.

Како да ги намалите причините кои што доведуваат до алергија?

Доколку тестовите покажат дека бебето е алергично на некој состојки од Image result for allergies in childrenкуќата, и ли пак однадвор, или пак ако има знаци за појавување на астма, не изложувајте го на најчестите алергени.

– Ако вашето дете е алергично на полен, затварајте ги прозорите ( и доколку сте во можност вклучете клима уред) кога концентрацијата на поленот во воздухот е најголема. Во текот на тие денови не вадете го бебето надвор рано наутро, бидејќи концентрацијата на поленот токму тогаш е најголема. Поленот е леплив, па затоа по враќањето дома, преслечете го бебето, а по можност и искапете го.

– Полнетите и плишени играчки кои што собираат многу прашина и испуштаат  влакненца при играта со нив, држете ги подалеку од собата на бебето, а посебно немојте да ги чувате на полица над креветчето во кое спие вашето бебе. – Ако вашето бебе на испитувањата покажало дека е алергично на домашно милениче, а не сте во можност да најдете нов дом за вашето милениче, тогаш строго држете го подалеку од собата на бебето.

– Доколку вашето бебе е алергично на мувла, обидете се да ги тргнете сите извори на влага од вашиот дом. Во саксиите со цвеќе тие често се натрупуваат, ги има во туш кабините, фрижидерот….. Кога го чистите тоалетот и фрижидерот, користете и малку средство за избелување, тоа е многу ефикасно доколку сакате да се ослободите од мувлата.

– Забранете го пушењето во вашиот дом, и не носете го детето онаму каде што се пуши. Обрнете им внимание на сите кои што ви помагаат во чувањето на вашето дете дека не треба да пушат во негова близина.

– Размислете и распрашајте се за тоа каде можете да најдете посебни филтри за клима уредот кои што го оневозможуваат внесувањето на поленот и прашината во вашиот дом. Доколку ништо од ова не помогне, и во зависност од тоа колку месеци има вашето бебе и колку се силни симптомите, посоветувајте се со вашиот педијатар за користење на антихистамин или пак некој друг соодветен лек.

Image result for allergies in childrenКако да го намалите егземот кај бебето?

Кога лекарите ќе ја дадат дијагнозата и сега со сигурност знаете дека вашето бебе е алергично на некоја храна, тогаш треба таа храна да ја исклучите од исхраната, меѓутоа кога станува збор за егзем, лекарите во главно не знаат што го предизвикува. Лек за егземот не постои, но сепак може да се контролира.

– Најважно е да се спречи воспалувањето и чешањето. Бебето често бањајте го во млака вода, но не повеќе од 10 минути. Употребувајте купки наменети само за чувствителна бебешка кожа.

– Кожата исушете ја со нежно тапкање, и потоа намачкајте ја со бебешка крема. Можеби ќе треба ова да го повторувате и 5 пати во денот но немојте да се откажувате.

– Доколку егземот не се повлекува, поразговарајте со педијатарот за користење на специјални креми за егзем.

– За да не дозволите кожата на бебето да се иритира, облекувајте го во меки алишта од природен материјал (памук) и користете „благи“ детергенти за перење на алиштата. Не е лошо и ако алиштата на бебето ги исплавите два пати.

– На крај, сувиот воздух ја суши кожата, па затоа треба да водите сметка во собата на бебето секогаш да има доволно свеж воздух (наместете ја климата и чистете ја редовно за да не дозволите да се собира мувла).

Алергиска реакција на убод од инсект?

Вообичаено, болката од убодот е само неколку минути, а како симптоми се појавуваат црвенило, оток и чешање. Меѓутоа, помал број на луѓе, вклучувајќи и деца, имаат силна алергија. Силната алергиска реакција вообичаено се јавува при вториот убод. Во тој момент телото произведува премногу хистамин. Доколку вашето дете има силна алергиска реакција и при тоа почне тешко да дише, има вртоглавица, мачнина, ја губи свеста или пак доколку има голем оток кои што се шири и на другите делови од телото, на пример на лицето или пак по целата рака, јавете се на 194 и побарајте стручна помош.

С.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ