Понекогаш, за време на доењето, на брадивацата или ареола кај доилката може  да се забележи точка. Таа е понекогаш транспарентна, понекогаш бела, жолта или црвеникаво-кафена. Овој феномен се нарекува “млечен блистер” или само блистер.
Бојата на точката може да ја покаже причината за појавата. Транспарентен е, всушност,  кога кожата е склона кон излез на млекото од млечниот канал, односно кога млекото не може да истекува, па затоа се задржува. Може да забележите акумулација на течност во неа. Бел, понекогаш жолтеникав меур претставува суви капки млеко што создава опструкција во самиот канал. А блистерот, исто така, може да биде причина за сор (soor), но тогаш тоа обично се случува во повеќе броеви истовремено. Понекогаш не постои болка во телото, а блистерот поминува по неколку недели, што доведува до природен пилинг на кожата на брадавицата. Но, понекогаш, болката може да предзвика проблем, особено додека мајката дои. Мајката ја чувствува болката во задниот дел од телото или малку зад блистерот. По доењето или измолзувањето, тој попушта.
Што го предизвикува блистерот?
Можни причини се прекумерното доење и секоја ситуација што предизвикува застој на млекото во градите (иако е банална причина може да биде дури и претесен градник).
Црвен или црвеникаво кафен блистер, тоа е последица на сè што води до разранување нан брадавицата, како што е:
– Лоша позиција на градите на бебето
– Проблеми со цицање
– Лошо поставени силиконски влошки
– Лоша техника на измолзување со пумпа
Како се третира блистерот?
Со топлa влажна облога. Непосредно пред  доењето треба да држите топли влажни облози на местото каде се појавил блистерот. Доколку нема подобрување, тогаш најмалку 4 пати на ден користете облози со “горчлива сол” (магнезиум сулфат). Растворот се прави со растворање на 2 мали кафени лажици од горчливата сол  во 2 децилитри вода (се раствора во топла вода, а потоа се додава студена).
Кожата околу блистерот може исто така да се омекне со поставување на маслиново масло на вата кое се става на брадавиците за да го апсорбира млекото. Потребно е да се измие брадавиците пред доење.
Чистење на кожата од млеко од млечниот канал
Претходно исчистената кожа понекогаш е сосема доволно, но можете да го направите ова чистење еднаш на ден, додека кожата целосно не се залечи. Треба да направите пилинг на брадавиците. Тоа се прави со триење на кожата со фротирски пешкир.
Понекогаш доволно е да се стави многу топла влажна обвивка на градите и со притисок (како стискање на било која бубулица), да го истиснете млекото од градата.
Доколку ова не е доволно и неопходно е да се отвори блистер. Тоа се прави со стерилна игла. Можноста за инфекција е голема ако го правите тоа сами, дома, па затоа обавезно контактирајте го вашиот доктор.
Користете ја оваа града при доење или за време на измолзување
Секогаш започнувајте го доењето на дојката каде што се наоѓа блистерот. Бебето е најголема помош за да се испровоцира млекото. При цицање можете да ја примените компресијата на градите и на тој начин дополнително да го стимулирате производството на млеко. Ако се измолзувате со помош на пумпа, исто така започнете со таа града.
Што друго може да биде од помош?
Лецитин. Нема вистинско објаснување за ова, но мајките кај кои често се јавува блистерот забележале дека неговото појавување се намалува со зголемена употреба на храна која содржи лецитин.
Намалето го внесот на храна богата со масни киселини. Кај мајките кои ги земаат во поголеми количини, честите зачепувања се јавуваат поради исушените млечни капки.
Можете да нанесувате креми кои содржат витамин Е на брадавиците. Единственото нешто што треба да направите е да ги измиете пред доење.
Со маслиновото масло, во кое сте додале неколку капки есенцијално масло од грејпфрут или од лимон, можете да ги масирате брадавиците еднаш дневно.
Избегнувајте миење на брадавиците и ареолата со агресивни сапуни. Површинските жлезди природно ја подмачкуваат оваа област и сапуните може да го нарушат тој баланс.
На кожата каде што биле млечните блистери и требаат неколку недели за да се регенерира.
На прво место е неопходно да се најдат причините за нивното појавување – полнење на градите, млечна стаза, сор.
Ако имате дополнителни симптоми – температура, треска, црвенило, оток, гној, контактирајте со вашиот лекар.