Нега на носето

Хигиената на носната шуплина е важно кај доенчињата, бидејќи, освен што не знаат како да го издуват носето, тие не знаат дури ни да дишат на уста. Педијатарите советуваат носето на бебето да се чисти со ролни вата потопена во физиолошки раствор, но ватата мора да биде од едно парче при што само една половина влегува во носот, а другата половина останува надвор за да не се случи ватата да остане во носот.

Никако не користете стапче за чистење уши за оваа намена. Пред хранење намокрете го носето со раствор купен во аптека, а можно е и дома да се подготви од слезов корен, советуваат докторите.

Што се случува кога бебето не може да дише поради запушен нос?

Носниот аспиратор со продолжетокот за повлекување е многу лесен за употреба и ефикасен за извлекување на секрети кај доенчињата кои не можат да го издуваат носот. Но, кога станува збор за блага настинка тој не е потребен, доволно е да се користи физиолошки раствор и пумпа за нос.

Нега на очи

За чистење на областа околу очите, се препорачува да се користи само памук натопен во вода (првиот месец од животот во зовриена вода). Потребно е со натопената вата окото да се брише однадвор кон навнатре. Неопходно е да се направи само едно движење со ватата, а таа треба да се менува се додека не се исчисто окото.

Нега на ушите
Кога станува збор за ушите на родителите им се препорачува да внимаваат, и да ја исчистат ушната школка на бебето, како делот зад увото и да го исушат добро.
Се предлага да се користат мали ролни памук. За поголеми деца може да се користат и стапчињата за чистење уши, но сано на малите набори на увото и зад него, но никогаш не обидувајте се да ја чистите внатрешноста на ушниот канал, бидејќи можете да го оштетите каналот или тапанчето, и со тоа може да предизвикате инфекција на ушето.