Канскиот филмски фестивал, чие 73-то издание беше откажано оваа година, го објави официјалниот избор на 56 филмови што планираше да ги прикаже, но всушност, до крајот на оваа година ќе ги види публиката во киносалите и другите фестивали.

Филмовите на режисерите Вес Андерсон, Стив МекКвин, Франсоа Озон, Наоми Каваза и уште десет други автори, кои барем еднаш веќе еднаш биле во официјалната селекција во Кан, се избрани за програмата на ветерани (Верните). Програмата на автори кои учествуваат за прв пат вклучува 14 филма, а официјалната селекција вклучува и 15 деби-филмови, омнибус за Хонг Конг, три документарни филмови, пет комедии и четири анимирани филмови. Сите избрани филмови го имаат печатот на Кан, односно одобрување за прикажување во кината и на други фестивали, бидејќи 73-то издание на фестивалот, што требаше да се одржи во мај, беше откажано поради пандемијата на коронавирус и одбивањето на организаторите да подготват онлајн фестивалска верзија.

Избраните филмови, како што изјави уметничкиот директор на Кан, Тиери Фремо, на 3 јуни во Париз, ќе бидат во главната програма или во селекциите „Извесен поглед“ или „Полноќни проекции“.

Дејствието на новиот филм на Андерсон „Францускиот диспечер“(The French Dispatch), кој е опишан како „љубовно писмо до новинарите“, се одвива во француското седиште на измислен магазин сличен на „Њујоркер“. Фремо го пофали сесрдно изминативе недели, а собира актерски тим во кој влегуваат Бил Мареј, Тилда Свинтон и Бенисио дел Торо, па се претпоставува дека филмот на Андерсон би бил прикажан на отворањето на 73-от Кански филмски фестивал – ако се одржуваше во планираниот термин.

Меѓу 14-те филмови во изборот на кански повратници се „Ete 85“ од Франсоа Озон, „Вистински мајки“ (True Mothers) на јапонскиот режисер Наоми Каваза, и „Љубовнички рок“(Lovers Rock) и „Мангоровите“ (Mangrove) на британскиот режисер Стив МекКвин – два дела од неговата серија „Мали секири“ (Small Axe) на ТВ „БиБиСи“, која е посветена на афроамериканецот „Џорџ Флојд и на сите други црнци кои се убиени, видени или невидени, заради тоа кои биле, дали во САД, во Велика Британија или на кое било друго место“.

Изборот го вклучува и филмот „Друк“(Another Round) на данскиот режисер Томас Винтерберг, како и историската драма „Во самракот“ (In the Dusk) на литванскиот режисер Шарунас Бартас, копродукција на Литванија, Франција, Србија, Латвија, Чешка и Португалија.

Исто така избрани беа „ДНК“ на француската режисерка Маивен, „Последните зборови“ (Last Words) од Џонатан Ностер од САД, јужнокорејските филмови „Небото: до земјата на среќата“ (Heaven: To the land of happiness) од Има Санг-Су и „Полуостров“ (Peninsula) од Јеон Санг-Хо и „Заборавени ќе бидеме“(Forgotten We’ll Be) на Фернандо Труебе од Шпанија,„ Домашен фронт“ (Home Front) од Лукас Белво од Белгија и „Вистинското нешто“ (The Real Thing) од Коџи Фукада од Јапонија.

Според Фремо, за 73-та програма во Кан се разгледале рекордни 2.067 филмови (1.845 минатата година), од кои 532 биле режирани од жени, што е нешто помалку отколку во 2019 година, кога имало 575. Во официјалниот избор има 16 филмови од режсерки, односно два повеќе отколку во 2019 година. Има вкупно 29 француски филмови, што би можело да биде еден вид спас за домашната филмска индустрија, а Фремо се пошегува за тоа, велејќи дека „барем ќе биде добра програма за доделување на Цезар“ – француската верзија на Оскарите.

Вообичаено е филмовите со етикетата на Кан да бидат поканети на фестивали како Локарно, Торонто, Довил, Сан Себастијан, Бусан, Ангулем, Њујорк, Лион, Рим, Токио, Мумбаи, Санданс… и клучна промена годинава е тоа што беше постигнат договор со Сан Себастијан дека може да бидат премиерно прикажани во натпреварувачката програма на тој шпански фестивал.

Самото претставување на официјалната селекција на „фантомскиот“ Кан, како што го нарекоа некои филмски медиуми, претставува мрачна слика на денешницата, бидејќи Фремо и претседателот на Кан, Пјер Ласкур, ги објавија вестите во празна сала, од која се емитуваше пренос на Канал Плус. А.Р.