После успешно распродадената пролетна турнеја во повеќе концертни сали низ градовите во Македонија, Каролина и нејзиниот бенд доаѓаат во Охрид со двочасовен open air концерт и тоа на 11-ти август, на најубавиот простор во нашиот туристички бисер, Антички театар, најавува „Авалон продукција“.

На концертот ќе прозвучат сите песни од албумот „Извор“, како и најубавите песни од историскиот проект „Македонско девојче“.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од оваа среда (04-ти јули) во 09 часот, онлајн преку Avalon.mk, продажната мрежа на „Купи Карти За Се’ низ цела Македонија и во Југотон по следниве цени: SILVER SEATS – 500 денари и GOLDEN SEATS – 800 денари.

Продажни места во Охрид на ККЗС: ТА Вис пој, ТА Атлантис, Топ Тобако, Топ маркет Ориент, Топ тобако 2 и ЗЗ Топ мјузик шоп.