Панче Касапски го сними неговиот нов сингл со наслов “Наивно”. Асид – џез тема, комбинација на диско, фанк, џез и сол…

Касапски работеше на музиката и аранжманот, текстот го напиша Робин Зимбаков, а за микс и мастер се погрижи Роберт Билбилов во чие студио беше снимена истата.

Видеото е снимено на неколку локации во Белград, снимано од Дарко Митев a едитирано заедно со Сергеј Смилков.

Во него се појавува и познатиот македонски модел Вера Хаган.

Фотограф на проектот е Антонио Станков.

-Реакциите на мојата најнова песна се прекрасни и тоа навистина ми значВи благодарам! Веќе чувствувам дека ,,Наивно,, ќе биде насекаде со вас ова лето, вака и се обрати пејачот на својата публика.