четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗдравјеКафето може да спаси живот кај лица со бубрежна болест, ако пијат...

Кафето може да спаси живот кај лица со бубрежна болест, ако пијат одредени дози

Научниците сугерираат дека зголеменото конзумирање на кофеин може да го продолжи животот на луѓето со хронична бубрежна болест.

Ново истражување сугерира дека пиењето кафе може да го намали ризикот од смрт кај луѓето со хронична бубрежна болест. Во споредба со лица кои консумирале помала количина на кофеин, пациентите кои внесувале повеќе кофеин го намалиле ризикот од смрт за речиси 25 проценти. Истражувањето траело 60 месеци, а користени се податоци од 4.863 лица.

Потенцијалниот заштитен ефект на кофеинот може да биде поврзан со ефектите на васкуларно ниво, бидејќи познато е дека кофеинот го стимулира ослободувањето на супстанции како што е азотен оксид кој ја подобрува васкуларната функција, велат научниците.

– Нашите истражувања покажаа дека постои заштитен ефект на кофеин кај пациенти со хронична бубрежна болест. Намалување на смртноста е забележано дури и откако се земени предвид други важни фактори како што се возраста, полот, расата, пушењето цигари, исхраната и другите болести. Резултатите покажуваат дека советувањето на пациентите да внесуваат повеќе кофеин може да го намали ризикот од смрт. Ова би било едноставна, ефтина и клинички корисна опција – рече авторот на истражувањето Мигел Виера.

Сепак, опсервационата студија може да биде само индикација дека кофеинот го има наведениот заштитен ефект.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ