Кафулињата, кафеаните и рестораните, да работат со скратено работно време во 18 часот, и затворање на кината, театрите и други институции во кои може да се одржат масовни собири или концерти, се дел од новите мерки за превенција од корона вирусот кои ќе се побараат од Владата, најави на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

-Рестораните и кафулињата да работат до 18 часот и тоа внатре со преполовен капацитет и да се запази оддалеченост од намалку еден метар меѓу луѓето – рече Филипче, посочувајќи дека на предлог на Комисијата за заразни болести, овие мерки ќе се разгледаат денеска на владина седница.

Мерките на владата ќе важат и за спортските сали и теретани, верските заедници, МПЦ, Католичката црква и ИВЗ. А.Р.