Фабулозно убава природа. Невообичаено блага клима. Швајцарското село Квинтен, сместено на брегот на езерото Валенси, е вистинско олицетворение на идилата. Како и да е, постои закана околу населбата, селото може да исчезне поради недостаток на жители, пишува Дојче веле. Со цел да се спаси селото, во кое сега живеат само 38 лица, локалните власти нудат 70.000 доалри на семејство кое сака да се насели таму. Условот е да не се псотари од 45 години или да имаат деца кои би посетувале училиште во селото!

Во селото забрането е движење на какви било моторни возила во близина на селото и внатре во него, а до селото кое е наречено и Ривиера на Источна Швајцарија, може да се стигне на само два начина – или по вода или по неколкучасовно пешачење.

Селото е познато не само по околните природни убавини. Јужната експозиција и речиси вертикалните карпи, кои штитат од ветрови, му даваат на Квинтен невообичаено блага клима. Во поволна клима во близина на езерото Валенси растат многу егзотични овошја и цвеќиња. Различни видови орхидеи, смокви и киви – што не се типични за швајцарската клима. Не случајно локалното население вели дека живее во божествена природа.

А.Н.