Ново бебе во британскиот кралски двор. Островските таблоиди јавуваат дека војвотката од Кембриџ, Кејт е бремена. Според Gossip Cop, 38-годишната сопруга на принцот Вилијам не очекува едно, туку две бебиња. Објавувањето се повикува на извор кој побарал анонимност, кој најпрво ги споделил информациите со друг таблоид – In Touch Weekly.

Британските медиуми тврдат дека веста за бременоста на Кејт веќе била соопштена и кај другите членови на кралското семејство.
Парот веќе има три деца – 7-годишниот принц Џорџ, 5-годишната принцеза Шарлот и 3-годишниот принц Луис.
Веста за близнаците на Кејт, кои се очекува да се родат следната година, доаѓа нешто повеќе од една недела откако Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, објави дека го загубила своето второ дете во јули, како и информацијата за наводната болест на принцот Вилијам.                             Ал.Н.