Кина го засили тестирањето на замрзната храна откако повеќе пати откри коронавирус на увезени производи и нивно пакување, што пак предизвика масовни тестирања на храна и персонал, запирање на одреден увоз и нарушување на трговскиот проток.

Како резултат на тоа, Кина го прекина увозот на стоки од 99 добавувачи од 20 земји, со цел да се спречи внесување на вирусот во земјата, но, големите земји производители на храна стануваат сè пофрустрирани од кинеската контрола врз увезените производи, пренесува Ројтерс.

Иако се смета дека коронавирусот од кинескиот град Вухан се проширил низ целиот свет, кинескиот „Глобал тајмс“ изрази сомневање дека присуството на вирусот на увезената храна може да биде доказ дека вирусот дошол во Кина од странство. А.Н.