четврток, април 25, 2024
домаКујнаКласика за деца со Пламенка Трајковска - гудачки квартет во општина Ѓорче...

Класика за деца со Пламенка Трајковска – гудачки квартет во општина Ѓорче Петров

Виолинистката Пламенка Трајковска интензивно продожува со своите заложби за доближување на класичната музика до најшироката публика и посебно со доближување на класчната музика до децата. Од почетокот на годината таа организираше интензивна кампања до сите скопски општини за добивање на поддршка за реализирање на концерти за децата од основните училишта и наиде на одличен прием. Посебно во пресрет излегоа сите надлежни во општината Ѓорче Петров и Градоначалникот Александар Наумоски.

На 28 февруари во 11.30 часот ќе се реализира првиот од серијата концерти во општина Ѓорче Петров во кои ќе бидат опфатени сите ученици од шесте основни училишта на територија на општината. Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе го реализира концертот за деца со наслов ,,Музика и танц” во Центар на културата Ѓорче Петров.

На програмата се дела од класичниот репертоар за гудачки квартет на кои во минатото се танцувало, посовремени танци, класични теми во кросовер стил и македонска традиционална тема. На коцертот во гудачкиот квартет покрај Пламенка ќе настапат и Наташа Диденко на виолина, Љубица Бошкова на виола и Маја Михајловска на виолончело. На првиот концерт ќе бидат поканети учениците од ОУ „Тихомир Милошевски“, а во текот на март и април ќе бидат организирани уште пет концерти.

„Навистина многу се радуваме што општината Ѓорче Петров навистина широкоградо ја прифати нашата иницијатива. Ќе обезбедиме за сите ученици вистински концерт со класична музика во нивната општина во нивното маало. Во Домот на културата Ѓорче Петров ги имаме сите услови за реализацијата на концертите, гудачкиот квартет интензивно ја подготвува програмата и верувам дека ова е почеток на интензивна соработка со општината Ѓорче Петров ,” вели Трајковска.

 Пламенка Трајковска – мали камерни состави изминатиот период реализираа повеќе концерти за деца во Скопје и во градовите низ Македонија, а во наредниот период го најавуваат концертот за деца на 9 март во Ресен и концертите во Штип и во камерната сала на Македонската филхармонија со наслов ,,Што е тоа … гудачки квартет’“.

По реализацијата на концертите во Општина Ѓорче Петров тие ќе продолжат со концертите Пламенка Трајковска.

 

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ