Според последните информации се отвори кластер во Психијатриската болница во Демир Хисар има 19 лица со ковид-19, при што едно веќе починало. Ова е она сценарио од кое најмногу се плашат и здравстеваните работни и граѓаните, а за кои говореа од СЗО. И тоа не само кај нас, туку насекаде во свет! И во Франција, Велика Британија и Италија, домовите за стари лица, домовите за деца и интернатите беа први на удар. Но, очигледно е дека тугите искуства за нас се неинтересни!

Во слулајот на демирхисарската болница случаите се откриени со тестирање на 58 од вкупно 296 пациенти колку што има вкупно во оваа институција. Од болницата информираат дека освен пациенти има и вработени кои се позитивни на ковид – една медицинска сестра и еден физички работник.

Според изјавите на директорката на оваа болница Татјана Лозановска за Телма, случаите се во три одделение – 16 во едно и и два односно еден случај уште две други одделениа.

Најголем број од пациентите се над 55 годишна возраст, а еден има 27 години.

Според Министерството за здравство, во Градската болница „8 Септември“ починал еден пациент од Психијатрсиката болница во Демир Хисар кој бил на 73-годишна возраст и тој е регистриран во редовната статистика од 3 август.

Вчера во оваа болница биле земени уште 29 брисеви за тестирање на пациенти во одделението каде има двајца позитивни на коронавирус, а земен е брис и на вработен во одделението.             Ал.Н.