За хидрацијата се дебатира многу повеќе отколку што можеби си мислевте. Правилото за „осум чаши вода дневно“ сé повеќе губи значење – всушност можете да пиете и неколку литри вода дневно, особено при високи температури. Но, освен комплетна дехидратација, кои се другите знаци дека не пиете доволно вода?

Вашата кожа е сува

Дали чувствувате дека усните ви испукале? Најверојатно сте дехидрирани. За да проверите, стиснете ја кожата на дното на вашата дланка и ако остане во таа положба (како шатор) и и треба време да се врати во природната положба, време е да ја зголемите конзумацијата на вода. Други знаци на дехидратација вклучуваат слаби и кршливи нокти и суви очи и уста.

Имате грчеви

Еден од најдобрите индикатори дека сте дехидрирале се грчевите. За да ги ублажите, се препорачуваат хидратација и внес на електролити, особено калиум и магнезиум.

Постојано ви е жешко

Водата е клучна за регулирање на температурата на телото. Недостатокот на вода во телото предизвикува прегревање, бидејќи вашето тело ја губи способноста да ја регулира температурата и да ве излади. Циркулацијата се забавува, така што вашето тело повеќе не може да го користи механизмот за намалување на температурата како што е, на пример, потењето.

Варењето ви е забавено

Запекот, исто така, може да биде резултат на дехидрација. Нашиот дигестивен систем бара вода за успешно да се свари храната, а телото да  го отстрани „отпадот“.

Генерално се чувствувате лошо

Дехидрацијата може негативно да влијае на вашите физички, но и ментални перформанси. Последиците може да ги забележите на издржливоста, времето потребно за опоравување, мотивацијата, расположението, концентрацијата, меморијата, нивото на енергија, дури и имунолошкиот систем. На кратко, секој систем од вашето тело зависи од водата, па сосема е јасно дека со недоволното внесување на вода во организмот општо се чувствувате многу лошо и исцрпено.