четврток, април 25, 2024
домаЖивотРепортажиКое е племето со невообичаено сини очи?!

Кое е племето со невообичаено сини очи?!

Невообичаено сините очи и бронзениот тен, е главната причина зошто племе од островот Бутон во Индонезија стана вистински хит меѓу фотографите, но и на социјалните мрежи.

Островот Бутон е еден од 19-те најголеми острови во Индонезија, во југоисточниот регион Сулавеси, а вистинска атракција за туристите се староседелците од племето Батон, кои се карактеризираат со тоа што сите имаат варендов синдром, кој влијае на пигментацијата, поради што тие имаат невообичаено сини очи. Овој феномен е вистинска реткост во Индонезија, бидејќи жителите таму претежно имаат темна коса и темни очи, а тие често се раѓаат со различни бои на очите, пишува Дејли меил.
Имено, варендовиот синдром е наследна генетска мутација која се проценува дека е присутна во некоја форма кај 1 од 42.000 луѓе. Покрај понекогаш зачудувачкиот ефект врз пигментацијата на очите, вклучително и предизвикувајќи очи со различна боја, овој синдром може да доведе и до губење на слухот.
Племето Батон е фотографирано од Корчној Пасарибу, геолог од индонезиската престолнина Џакарта, за време на посетата на островот на 17 септември. 38-годишниот фотограф и татко на две деца го документира животот во рурална Индонезија од септември 2019 година, со посебен фокус на бројни племиња и културно наследство.

“Јас всушност работам како геолог во рудник за никел, а фотографијата е мое хоби. Сините очи се уникатни и убави и тие се моја инспирација. Сината е мојата омилена боја на очите за мене.”; рече тој, додавајќи дека фотографијата е негово хоби и голема љубов.

Индонезија е огромен архипелаг со над 350 дијалекти и субкултури. Островот Батон, со димензии 1.700 квадратни милји, е еден од најголемите острови во Индонезија. Неговото население е нешто помалку од 450.000, од ​​кои многу живеат во мали, изолирани племиња.

Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ