Широко распространетото верување дека мастите во исхраната само му штетат на организмот не е точно, бидејќи тие можат да го зајакнат имунитетот во зима, смета руски лекар.

“Имунитетот сега е многу актуелна тема. За да се одржи добар имунитет, потребно е да се внесат животински масти”, вели лекарот и гастроентеролог Никита Харлов за „Спутник“.

Тој објаснува дека од нив е изградена слузницата што го штити организмот од вируси, вклучувајќи и ковид-19. Тој советува  во исхраната да се вкучат и масти од гуска, говедско или свинско месо, како и маснотии од мечка и дабар.

“Најбезбедни и најздрави се животинските масти. Тие можат да се јадат во разумни количини. Омега-3 мастите се втори по безбедност, а тоа се рибино масло и масло од црн дроб на бакалар. Овие масти се исто така корисни, но тие оксидираат брзо, па затоа не може да се готват“, вели Харлов.

Лекарот вели дека телото е многу помалку прилагодено на растителни масти, а транс-мастите ги нарече апсолутно зло. Тој објасни дека дури и со најбезбедни масти, потребно е да се почитува нормата и да се консумираат на балансиран начин со јаглехидрати. А.Н.