Македонски народен театар соопшти дека на 12 јануари (четврток) во 12:00 часот во објектот на театарот ќе се одржи отворена комеморација во чест на актерката Катерина Крстева, на која семејството, блиските пријатели и познаници ќе ѝ оддадат почит.
„Во спомен на Кате – актерка со ведар дух која беше дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија, за последен пат ќе ги споделиме сеќавањата за неа. Вечен спомен!“, стои во известувањето од МНТ каде Крстева премина од Драмксиот театар во 1964 година и остана сé до пензионирањето.
Катерина Крстева (1938 – 2023), дамата на македонското актерство – популарна меѓу народот како Мара Попара, беше погребана вчера на градските гробишта во Бутел.