Како што дознава ТЕХТ.МК Комисијата за заразни болести на итрешната владина седница ќе предложи да се донесе одлука за отворање на дневните престои, односно децата да имаат целодневна настава.

Колку е ова оправдано и што ќе значи за децата цел ден во затворен простор, останува да видиме по започнувањето на наставата.

Она што останува нејасно е како наставниците ќе успеат да предаваат на учениците кои посетуваат физичка настава, на оние кои се запишани за онлајн настава и кој ќе се грижи за оние кои ќе се одлучат за целодневна настава!

Во текот на денешниот ден и покрај реакциите на родителите што не можеа да се логираат на националната платформа, имаше реакции од одреден број кои добиле информација од наставничките дека децата кои се одлучиле за онлајн настава всушност ќе добијат печатен материјал по кој ќе треба да учат, а дека онлајн настава нема да има! Оставени во прашалници и без соодветен одговор, родителите не знаат како ќе започне наставата, а и наставниците оправдано не знаат како ќе успеат да одговорат на сите барања.

Една учителка вели: „Траба да не клонираат за да можеме да постигнеме се!“

Во право се и родителите и наставниците, а од друга страна капацитетот ни е тој! И по шест месеци од започнувањето на кризата образованието не направи чекор напред, платформата на наставниците им се дава во 5 до 12, интернетот се уште не е поставен во сите училишта, сите наставници немаат компјутер и можност за онлајн предавање…

Реагираат и учениците, па оние поголемите денес излегоа со став дека образованието не е привилегија, туку право. Имено, Средношколски глас велат:

– Како ќе успеат првите пробни часови кога платформата воопшто не е функционална кај повеќето ученици. На официјалната страница за платформата исто така покажува дека има и мобилна верзија, но во теорија мобилната верзија не е воопшто функционална. Ние средношколците сме незадоволни од непристапноста и нефункционалноста на платформата. Образованието е право, а не привилегија и поради таа причина треба да биде достапна и функционална како и на компјутер така и на мобилните телефони. Се надеваме дека министерството ќе ја корегира нефункционалноста и недостапноста на оваа платформа – велат од Средношколски глас.

Како и да е на 1 Октомври сите ќе стискаме палци и ќе чекаме да се отворат училиштата за оние кои ќе тргнат со физичка настава, и да проработи платформата за оние ќе треба да ја следат онлајн…

Ал.Н.