Владите ширум светот, со помош на здравствени експерти, се обидуваат да ги охрабрат граѓаните да се вакцинираат против ковид-19 за да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирус.

Сепак, некои се скептични и сè уште не сакаат да се вакцинираат, па затоа голем број компании започнаа да нудат одредени награди и попусти на вакцинираните лица. Покрај тоа, компаниите сакаат да се вакцинираат што повеќе луѓе за да може бизнисот да се нормализира што е можно поскоро. Еве што можат да добијат бесплатно сите вакцинирани Американци.

Бесплатни крофни

Синџирот за крофни „Криспи крем“ објави дека ќе дистрибуира бесплатни крофни на оние клиенти кои ќе покажат потврда за вакцинација против ковид-19. Компанијата ќе нуди бесплатни крофни на вакцинирани лица секој ден до крајот на 2021 година.

Бесплатна марихуана

Неколку компании нудат бесплатна марихуана на луѓе кои биле вакцинирани против ковид-19. На пример, во Мичиген, две компании, „Greenhouse of Walled Lake“ и „Ubaked“, се здружија за да понудат бесплатна марихуана на луѓе постари од 21 година, кои ќе покажат потврда за вакцинација.

Пари

Многу работодавци нудат пари на вработените кои се вакцинирани против ковид-19. Некои компании им даваат готовина на вакцинираните вработени, а некои нудат подарок ваучери.

Бесплатно возење

Друга придобивка што можат да ја уживаат вакцинираните лица е бесплатно возење. На пример, „Убер“ и „Лифт“ нудат бесплатни возења на оние кои имаат потврда за вакцинација. Покрај тоа, овие превозници исто така бесплатно ги превезуваат граѓаните до центрите за вакцинација.

Бесплатна храна

Некои ресторани во САД им даваат значителни попусти на луѓето кои биле вакцинирани против ковид-19, пишува „Форчн“. Некои ресторани нудат до 50% попуст за вакцинираните, а некои нудат подарок ваучери за одреден број гости. А.Н.