четврток, април 25, 2024
домаКонцерти „Musica Viva на отворено“

Концерти „Musica Viva на отворено“

Концертите „Musica Viva на отворено“ во организација на Факултетот за музичка уметност во Скопје, ќе се одржат на 26, 27 и 28 јуни.
Концертната серија „Musica Viva на отворено“ како дел од научно-истражувачкиот проект бр. NIP.UKIM.20-21.14 на ФМУ – Скопје поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се реализира на 26, 27 и 28 јуни. На програмата се дела од светската музичка литература во
изведба на студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. м-р Михаило Куфојанакис, проф. д-р Марија Ѓошевска,
проф. д-р Нина Костова Јаневска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, доц. д-р Елена
Атанасовска Ивановска, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов, м-р Димче Белчовски.
Концертите ќе се одржат по следниот распоред:
26 јуни: Вокален мозаик, Тераса на Музеј на македонската борба
27 јуни: Камерно-солистички мозаик, Тераса на Музеј на македонската борба
28 јуни: Сонатен мозаик, Фоаје на НУ Национална опера и балет
Почеток на сите концерти е во 19 часот.
Влезот е слободен. Заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на тел. 071 912 555 или на fmu@fmu.ukim.edu.mk
Настаните се одржуваат според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на
заштитна маска во затворен простор.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ