Концертот на култните „Електрични Оргазам“ е презакажан за нов датум и нова локација, како еден од мартовските концерти коишто беа одложени поради актуелната состојба со корона вирусот, соопшти „Авалон Продукција“.

-Славеничкиот концерт на “Оргазам” се одлучивме да го направиме на отворено и тоа на 24-ти јуни на стадионот на АРМ, еден ден пред фестивалот „Скопје Гори“ на кој ќе настапат легендарните „Пласибо“.

„Електрични Оргазам“ ќе настапат на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа кариерата на овој супериорен бенд – најавува организаторот.

Сите оние што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 24-ти јуни.

„Во меѓувреме останете во добро здравје, почитувајте ги препораките од надлежните, седете дома и подготвувајте се за уште едно незаборавно Авалонско музичко лето“, порачуваат од „Авалон Продукција“. А.Н.