Германската канцеларка Ангела Меркел е ставена во карантин, откако лекарот што ја вакцинирал е откриено дека е позитивен на вирусот, објави Скај њуз.
Србија, ја забележа втората смрт на коронавирусот во неделата, 92-годишниот пациент починал поради инфекција со коронавирусот, а уште 14 од 187 заразени пациенти се на вештачко дишење поради проблеми со белите дробови, соопштија на прес-конференција во неделата претставници на министесртвото за здравство на Србија.
Полицискиот час стапи на цела територија на Србија стапи на сила во 17 часот во неделата, и е три часа подолг од претходниот ден, објаснувајќи ја потребата граѓаните да бидат дисциплинирани. Повеќето заразени и хоспитализирани се во Белград, следат Ниш и Нови Сад и Крагуевац, а извештаи за ново регистрирани случаи на инфекција доаѓаат од скоро сите административни центри.
Инаку, група кинески експерти пристигнаа во Белград во саботата навечер, на покана на официјален претставник од Белград. Кинеските експерти велат дека се задоволни од мерките преземени досега од српската влада и ќе ги пренесат своите искуства и совети за контрола на инфекцијата „Ковид-19“ на српските колеги во наредните две недели.
Уште едно лице заразено со вирус почина во Словенија во неделата, потврди словенечкиот министер за здравство Томаз Гантар на прес-конференција. Станува збор за 90-годишна жена од Метлика, а министерката Гантар истакна дека нејзината смрт е малку веројатно дека нема никаква врска со корона вирусот.Таа биле болна порано, имала неколку дијагнози. Во Словенија има 414 заразени,
што е за 31 повеќе отколку во саботата во исто време, објави словенечкиот институт за јавно здравје.нНајголем број потврдени случаи досега има во областа Љубљана, а вирусот се шири во повеќе од 90 од 212 општини во Словенија.

Најмалку 23 затвореници загинаа во немири во колумбискиот затвор во Богота, 83 се повредени, а седуммина затворски чувари беа убиени. Затворениците се побунија поради сериозните санитарни услови и стравувањата од инфекција со вирусот. Во Колумбија, во моментов има 231 пациенти, од  кои двајца починале.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Ломбардија се зголеми за 360 за еден ден, што значи дека вкупниот број на починати достигна 3450, пренесува Ројтерс.  Бројот на случаи во регионот, во кој е вклучен италијанскиот финансиски капитал Милано, се зголеми за околу 2.590 ново регистрирани лица. Сепак, голем број на резултати сè уште чекаа за потврда и не е јасно дали се позитивни или не.
Бројките од неделата претставуваат подобрување во однос на саботата, кога бројот на жртвите во регионот се зголеми за 546, а бројот на нови случаи се зголемија за 3.251. Националната бројка за починти треба да биде објавена подоцна во недела, а во саботата беше регистриран најголем број на починати, 793 лица.
Италијанската влада ги затвора сите производствени активности што не се неопходни, во обид да се забави пандемијата на коронавирус, рече премиерот Џузепе Конте доцна во саботата.

Меѓународниот олимписки комитет размислува за одложување на OИ, Токио 2020 година, за четири недели. МОК изјавил за БиБиСи дека откажувањето не е „на дневен ред“, но ќе се разгледуваат „намалени“ игри.
Најновите информации од Њујорк велат дека бројот на заразени со вирусот во моментов е 15.168. Станува збор за 4.812 случаи повеќе од саботата, а бројот на пациенти сочинува пет проценти од заразените луѓе во светот! Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо изјави дека ситуацијата драматично се влошува бидејќи градоначалникот на Њујорк, Бил Де Бласио истакна дека ако продолжи ширењето на болеста со ова темпо, основните болнички материјали ќе завршат за околу десет дена.
– „Десет дена нè одвојува од потрошување на хируршки маски и сите други основни резерви потребни за здравствениот систем да функционира нормално. Владата на САД не направи ништо. Јавно го објавивме она што ни треба, добивме многу малку. Ниту војската е мобилизирана “, рече Де Бласио, испраќајќи остри критики до претседателот Доналд Трамп.
Градоначалникот на Њујорк ја прогнозира ситуацијата во наредните два месеци. Тој рече дека април ќе биде уште полош од март и се плаши дека епидемијата на вирусот  може да го достигне врвот во мај.
– Ако претседателот не стори нешто итно, луѓето ќе започнат да умираат. Луѓе кои инаку би живееле “, рече тој.
Косовскиот институт за јавно здравје (ИКСХПК) ја потврди во неделата првата смрт во земјата поврзана со Ковид-19. Во соопштението се вели дека 82-годишниот од Подујево е хроничен пациент пред да се зарази со вирусот пред шест дена. Бројот на заразени со вирусот на Косово достигна 31 лице.Извршниот директор на Ливерпул,
Папата Фрањо во неделата рече дека ќе испрати вонредна порака и благослов оваа недела на „Урби ер Орби“ (Град и свет), вообичаено упатен само за Божиќ и Велигден и  повика на молитваширум светот како одговор на пандемиската криза на коронавирус .
Шпанската влада во неделата објави продолжување на вонредната состојба за дополнителни 15 дена, откако бројот на заразени со коронавирус се искачи на нова психолошка граница од 30.000.Во последните 24 часа во Шпанија има повеќе од 400 смртни случаи.
Стотици милиони Индијци останаа дома во неделата, слушајќи го апелот на премиерот да се изолираат за да се запре ширењето на коронавирусите, бидејќи бројот на заразени во јужна Азија се искачи на 1144, а бројот на загинатите на 10.
Во Германија има помалку инфицирани со коронавирус во неделата отколку претходните денови, објави Институтот Роберт Коч.
„Во неделата, 18.610 се заразени со коронавирус, што е за 1948 лица повеќе од вчера“, соопшти институтот Роберт Коч. Еден ден порано, во саботата, имаше пораст од 2.705 нови инфекции во однос на петокот.

Во Полска, пет лица починаа од вирусот. Меѓу нив е и родилка (27), која вирусот го добила веднаш по породувањето. Една недела подоцна добила сепса на белите дробови. Почина од срцев удар за време на операцијата. Таа е, наводно, најмладата жртва на вирусот, пишува германскиот „Билд“.
Комунистичката Куба соопшти дека испратила бригада на доктори и медицински сестри во Италија за прв пат овој викенд за да помогнат во борбата против новиот коронавирусот по апелот за помош на најтешко погодениот регион Ломбардија.
Романската влада ја потврди првата смрт од коронавирусот во земјата, а во Чешката Република бројот на заразени се зголеми на 1.047.
Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед и член на белгиската репрезентација Маруан Фелаини, кој се врати во Кина за да игра за Шандонг Луненг, е позитивен за коронавирусот, објави кинескиот клуб во неделата на својата официјална веб-страница.
Бројот на заразени со коронавирус во Босна и Херцеговина достигна 94 лица, откако беше потврден новиот случај во Травник, потврдија болнички извори во таа земја.
Во Хрватска во последното деноноќие има 29 новозаразени, и сега има 235 лица со корона вирус.
Јужна Кореја во неделата објави 98 нови случаи на коронавирус, и бележи пораст на бројот на нови случаи, двојно повеќе  нови инфекции.
Можно е дека коронавирусот Сарс-CoV-2 мутирал, претпоставка направена од вирусолог во болницата Сако во Милано, Марија Рита Гизмондо, напиша „Вечерњи лист“ во неделата.
Министерот за здравство на Сирија, Низар Јазиги го објави првиот потврден случај на коронавирус во земјата, пренесува АП.
Бројот на починати од коронавирус во Франција се зголеми за 112 во неделата со што досега има 674 починати лица, изјави високиот службеник за здравство, Жером Саломон. Бројот на потврдени инфекции се зголеми за 1.559 со што сега има 16.018 потврдени случаи на корона вирус во Франција, пренесува Ројтерс.

Н.С.