Антарктикот, некогаш единствениот континент кој не беше погоден од пандемијата на корона вирусот, ги забележа своите први случаи. Се работи за 36 нови пациенти кои се наоѓаат во чилеанската истражувачка база и вклучува 26 припадници на чилеанската армија и 10 работници за одржување.

Медиумите на шпански јазик велат дека жариштето избувнало во понеделникот во истражувачката база „Генерал Бернардо О’Хигинс Рикелме“.

– Благодарение на навремената превентивна акција, беше можно ослободување на споменатиот персонал, кој откако беше подложен на медицинска контрола и спроведен PCR тест, се покажа како позитивен – изјави чилеанската армија.

Исто така, тројца членови на екипажот на бродот кои пружаа помош на базата имаа позитивен резултат по враќањето од мисијата на Антарктикот.

Сите 36-мина кои имале позитивен резултат, биле евакуирани во градот Пунта Аренас во Чиле, каде што се изолирани и во добра состојба, пренесува Гардијан.

Споменатата база е една од дури 13 чилеански бази на островот, пренесува „Еј-би-си“.

Иако континентот нема постојани жители, 1.000 истражувачи и други посетители останаа на островот во текот на зимата. А.Н.