Фото: EPA/Antoine de Ras

Половина од 59 милиони Јужноафриканци се потенцијално заразени со ковид-19, покажуваат студиите кои проценуваат дека повеќе илјади смртни случаи од вирусот не се појавуваат во официјалните податоци.

Африканската земја, која е официјално најпогодена од коронавирусот и која спроведе голема кампања за тестирање во првиот бран, регистрирала повеќе од 140.000 дополнителни смртни случаи од мај 2020 година, покажуваат податоците на јужноафриканскиот совет за медицински истражувања.

Водечката приватна компанија за здравствено осигурување во земјата Дискавери проценува дека околу 90 проценти од тие смртни случаи може да се припишат на коронавирусот, што е 120.000 смртни случаи. Според официјалните податоци, во Јужна Африка се регистрирани само 48.500 починати од последици на коронавирус од околу 1,5 милиони.

Во Јужна Африка во моментов е вториот бран на пандемијата, предизвикан од позаразна локална варијанта. Во последно време, кривите се поместија, бројот на нови случаи се намали на околу 2.000 на ден од над 20.000 на крајот на декември.

Кампањата за вакцинација започна со вакцините на американската компанија „Џонсон и Џонсон“. А.Н.