Случаите со коронавирус на крстаречкиот брод „Diamond Princess“ скокна на 175 заразени, вклучувајќи го и офицерот за карантин. Шефот за карантин е меѓу 10те членови на екипажот и 29 патници, од кои четворица се во сериозна состојба, а кои се последни регистрирани лица со корона вирусот.

И додека официјалните  вести од крузерот велат дека се е под контрола и дека е можна евакуација на лицата на кои им е потребен посебен леакрски надзор, на Twitter се поајви твит во кој персоналот тврди дека од #Коронавирусот има опасност на бродот за крстарење: Членовите на екипажот на карантин бродот #DiamondPrincess се жалат на опасни услови за работа и страв за нивните животи.

Што се случува со македонските државјани нема конкретни иформации, освен дека се знае нивниот идентитет и дека не се меѓу заразените со корона вирусот.