Вирусот корона КОВИД-19 се рашири во 196 земји и територии, а бројот на заразени надмина 407.000. Досега починале 18.250 смртни случаи, при што оздравеле 104.000 пациенти.

Според анализите на Светската здравствена организација, заздравувањето на пациенти со умерено комплицирани симптоми на болест трае околу две недели, додека пациентите со тешки симптоми закрепнуваат по повеќе од шест недели.
Во обид да се ограничи натамошното ширење на вирусот корона, се воведуваат невидени рестриктивни мерки низ целиот свет – затворање или строги гранични контроли, ограничувања или забрани за јавни собири и само изолација.

Италија е сè уште најголемото активно жариште во светот со вкупно 63.927 заразени и 6.077 мртви. Само во Ломбардија, починале околу 400 луѓе во изминатите 24 часа. На второто место од најтешко погодените земји што допрва го достигнаа врвот на епидемијата е Америка со 49.255 заразени, откако во еден ден регистрираше повеќе од 5.000 случаи.

Во Шпанија, потврдени се вкупно 39.676 случаи, 2.800 смртни случаи, а во Франција 19.556 и 860 смртни случаи.

Швајцарија има скоро 9,000 потврдени случаи на вирусот и 90 смртни случаи од оваа болест. Бројот на потврдени случаи на вирусот корона во Холандија се зголеми денес за 811 лица, што претставува зголемување од 17 проценти во однос на претходниот ден. Холандија ги забрани сите собири до 1 јуни поради корона вирусот, а се изрекуваат казни за кршење на мерката. Досега е на сила забраната за собирање повеќе од сто луѓе.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се обрати пред нацијата синоќа, велејќи дека Британците мора да останат дома и да излегуваат само за најосновните потреби. Ним им е дозволено да одат по основни намирници, ограничено вежбање по еднаш во текот на ден, како што е трчање, излегување по лекови и здравствена заштита, како и патувања до и од работа. Бројот на починати во Велика Британија е зголемен за 87 лица, соопшти владата на Велика Британија. Во соопштението се вели дека досега починале 422 лица. Бројот на потврдени случаи на инфекција во Велика Британија се искачи на 8.077.
Норвешка денес продолжи со голем број ограничувања на јавните и приватните институции, како резултат на пандемијата на корорна вирусот, до 13 април, кои вклучуваат и затворање на училишта и градинки.

Србија има 303 регистрирани на корона вирусот и три смртни случаи. Во Хрватска 361 лице се заразени со вирусот корона, што е за 46 повеќе од вчера. Во Црна Гора, бројот на заразени денес е зголемен за два, и сега е 29. Во Словенија е потврдена четвртата смрт од вирусот откако починала повозрасна жена.
Турција воведе нови мерки со кои се ограничува времето на отворање на самопослуги, бројот на клиенти кои можат да бидат во продавниците и бројот на патници на јавниот превоз.
Полска ќе воведе нови мерки за борба против вирусот корона, поради зголемениот број на заразени лица, со што се очекува да им биде забрането напуштање на домови, освен ако е потребно, забрана за јавни собири и ограничување на бројот на патници во возилата за јавен превоз.

Припадниците на шпанската војска пронајдоа напуштени стари лица и неколку тела во старечки домови погодени од епидемијата на новиот корона вирус.

Саксофонистот, пејач и текстописец Ману Дибанго почина како резултат на инфекција на коронарна вирус. Дибанго почина на 86-годишна возраст.

Еден човек од Феникс, град во Аризона, починал, а неговата сопруга е во критична состојба по очигледен обид за само-лекување на вирусот корона со земање на хлорохиден фосфат, соопшти системот за болнички средства „Банер“.

Дон Џузепе Берардели (72), италијански свештеник, починал од ефектите на вирусот корона, откако се откажал од својот респиратор и го предал на помлад пациент.

Image result for грета турнбергШведската активистка Грета Тунберг во објавата на социјалните медиуми изјави дека е „многу веројатно“ дека има вирус на корона. Во својот пост на Инстаграм, таа напиша дека изминативе две недели беше во изолација. Исто така, поранешниот фински претседател и поранешен специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за преговори за статусот на Косово, Марти Ахтисари, е позитивен на корорнарната инфекција.

Н.С.