Бројот на луѓе погодени од корона вирусот ширум светот го премина милионот, со 1.083.843 луѓе во моментот заразени на планетата, со 58.155 мртви.

КОВИД-19 се шири во 203 земји и територии. Повеќето случаи се благи и имаат добра прогноза за оздравување. Досега, 227.745 се опоравиле од вирусот корона, според веб-страницата на Worldometers.
Најголем број од заразените има во САД – 265.506, а потоа следат Италија (119.827) и Шпанија (117.710). Германија е на четвртото место со 89.838 пациенти, по што следи Кина со 81.620 пациенти.

Најголем број на жртви има во Италија – скоро 15,000, додека бројот на починати во Шпанија е скоро 11.000. На третото место во однос на смртноста се наоѓаат Соединетите држави со 6.786 жртви, по што следи Франција, која ја надмина Кина со 6.507 смртни случаи (3.318).
Вкупно 1.476 потврдени случаи на Ковид-19 се регистрирани во Србија. Хоспитализирани се вкупно 783 пациенти, 81 се на респиратор и вкупно тестирани се 5.008. Исто така, има и 8 нови жртви на вирусот, а вкупниот број на починати е 39 лица.

На повеќе од 3,9 милијарди луѓе, или половина од светската популација, им е наложено од нивните влади да останат дома за да го спречат ширење на вирусот.

Турција воведе полициски час за граѓаните до 20 години, како дел од мерките за спречување на ширење на коронарниот вирус, а тој ќе стапи на сила од полноќ, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ердоган истакна дека Анкара, исто така, одлучила да затвори пристап до 31 град, освен за основните потреби.

Британскиот премиер Борис Џонсон, иако видливо дополнително зафатен од вирусот, синоќа излегол на неговата врата во карантин на Даунинг стрит за да има аплаудира на медицинскиот персонал, заедно со други жители на Лондон.

Nurse Elena, symbol of Italy's Coronavirus battle, recoversМедицинската сестра Елена, чија фотографија е направена во болницата во Кремона кога, после напорна работа, облечена во заштитна маска, нараквици и заштитно одело, заспа како се потпира на компјутерска тастатура, го обиколи светот и таа стана симбол на борбата против вирусот во Италија.

Германската канцеларка Ангела Меркел излезе од самоизолацијата и се врати на своите должности откако тестовите за вирусот корона беа неколкупати негативни, соопшти портпаролката.

Јапонскиот Фуџифилм развива нов тест за вирусот корона што ќе даде резултати за само два часа. Тестот COVID – 19 ќе биде објавен на 15 април, пренесува Ројтерс.

Во Црна Гора потврдени се 14 нови случаи на вирусот и сега има вкупно 174 заразени.

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 68 новозаразени на вирусот, што е вкупно 1.079, а осуммина починаа.

Бројот на заразени во Словенија е 938 лица, потврди портпаролот на словенечката влада, Јелко Кацин, на прес-конференција во Љубљана. Кацин рече дека бројот на заразени со новиот вирус вчера се зголемил за 41 лице.
Во Германија повеќе од 90.000 луѓе се заразени со вирусот, додека 1.234 починале, покажуваат податоците на Институтот „Роберт Кох“ за заразни болести.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се повика на Закон за производство за самоодбрана, со цел да  започнат со производство на респиратори за пациенти со вирусот.

Претседателот на Бразил, Болсонаро, дополнително ги поткопа напорите за контрола на ширењето на вирусот корона, критикувајќи ги, како што рече, „диктаторските“ чекори за да се спречат граѓаните да одат на плажите.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио повика на формирање на национален список на лекари и медицински персонал, кој ќе може да биде ангажиран кога ќе дојде бројот на пациенти што се очекува да се зголеми во Њујорк и другите градови во САД, пренесува АП. Градоначалникот изјави за MSNBC дека следната недела ќе биде многу тешко за градот, но и за другите градови во САД како Детроит и Њу Орлеанс.

Peru reports first death from novel coronavirus

Перу започна да спроведува нови строги мерки за да го спречи ширењето на вирусот корона, ограничувајќи го движењето на јавноста кај машкиот и женскиот пол. Мажите можат да ги напуштат своите домови во понеделник, среда и петок, жените можат да го сторат тоа во вторник, четврток и сабота, додека на никој не му е дозволено да ги напуштат своите домови во недела, јави Би-Би-Си.
Швајцарија е во деликатна, но стабилна ситуација во однос на ширењето на новиот вирус корона, изјави денеска министерот за здравство Ален Берсен. Во Швајцарија, бројот на починати се искачи на 432 од 378 вчера, и сега вкупниот број на заразени е 19.606 лица.

Во Австрија, досега, официјално е потврдено дека 11.506 лица се позитивни на вирусот корона, соопшти Министерството за здравство.

Украинската администрација денес воведе серија нови забрани за да се спречи ширењето на коронарниот вирус.

Н.С.